Македонија
18. јуни 2017 - 13:37

Стружанец пронашол рачна бомба во двор од куќа

Педесет и тригодишниот стружанец В.Т. вчера околу 10:30 часот пријавил во полициската станица Струга дека на 15. овој месец во дворот од сопствената куќа пронашол рачна бомба од непознато потекло.

В.Т. ја предал експлозивната направа во Полициската станица Струга. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.