Нова идеја на Трамп: Соларни панели на ѕидот кон Мексико
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи на ѕидот што планира да го изгради долж границата со Мексико, да се постават соларни панели, со што тој контроверзен објект би можел „сам да се исплати".
Трамп притоа се пошегува и дека на тој начин, Мексико „ќе треба помалку да плати" за изградбата.
- Доста добра замисла, нели? Моја идеја! Со поставувањето на соларните панели, ѕидот би бил и поубав, рече Трамп, обраќајќи им се на свои приврзаници во Ајова.
- Размислуваме за нешто единствено, говориме за јужната граница, многу сонце, многу горештина. Размислувме за подигање соларен ѕид што ќе произведува енергија и сам ќе се исплаќа, образложи Трамп.
Изградбата на ѕидот беше една од главните ветување во предизборната кампања на Трамп, но неговите темели се уште не се удрени.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред