У-21: Вечерва против Португалија


Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра натпреварот од третото коло во Б групата, на Европското првенство за играчи до 21 година.
Избраниците на Благоја Милевски во последната рунда ќе се сретнат со Португалија, откако претходно загубија од Шпанија (0:5) и ремизираа со Србија (2:2).
„Сè додека имаме шанси, макар и теоретски, оваа репрезентација ќе се бори. Јас искрено се надевам дека интересот за репрезентацијата до 21 година ќе биде исто толку голем како и досега. Португалија е тим со одлични поединци, одиграа на високо ниво на двата натпревари, слично како и на квалификациите. Впрочем, Португалија заедно со Македонија ја имаше најдолгата низа натпревари без пораз. Ние го почитуваме противникот, но ќе дадеме сè од себе на најдобар начин да го завршиме натпреварувањето по групи од Европското првенство“, рече на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот селекторот Милевски, кој најави и неколку измени во составот, во однос на првите две средби.
„Натпреварот со Португалија е од големо значење, не е исто да се заврши првенството со еден или повеќе бодови. Португалија има одличен тим составен од исклучително квалитетни поединци, но ќе се бориме и ние. Ќе се обидеме да го неутрализираме нивниот напад, мислам дека ако се бориме до крај, од еден до последен можеме до позитивен резултат“, изјави Ѓоко Зајков.
Натпреварот Македонија-Португалија се игра на стадионот во Гдиња и ќе почне во 20:45 часот, а во истиот термин се игра и натпреварот во Бидгошч помеѓу Србија и Шпанија.
Шпанците со победите во првите две кола веќе обезбедија пласман во полуфиналето. Во оваа фаза веќе влегоа и националните тимови на Англија и Германија.
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
