Македонија
23. јуни 2017 - 13:52

Млада битолчанка прегазена во Скопје

Вчера во 12.20 часот на крстосницата од бул. „Кочо Рацин“ и ул. „Мирче Ацев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која А.Е. (38) од с.Долна Лешница, тетовско, управувајќи патничко возило „Дајмлер-Крајслер“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.П. (29) од с.Свето Тодори, битолско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ј.П.. 

Истата била пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде е задржана на понатамошно лекување. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.