Дополнителни два денари субвенција за производителите на лубеници

Владата на денешната седница донесе одлука за дополнителна финансиска поддршка од два денари за килограм продадени лубеници на регистрирани откупувачи.
Корисници на оваа подмерка, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со лубеници и се корисници од подмерката 1.5 за продадени лубеници на регистрирани откупувачи.
Услов за добивање на дополнителната субвенција е производството да е продадено на регистрирани откупувачи во периодот од 3 јули до 15 јули оваа година, по откупна цена не повисока од четири денари по килограм и за продажбата да е извршена исплата.
При пресметката на директните плаќања се земаат предвид само количините кои не надминуваат 50.000 килограми по хектар.
- Со дополнителната субвенција од два денари за килограм, ќе се ублажи ценовниот шок што во моменов постои со откупната цена на бостанот, посочуваат во соопштението од МЗШВ. Дополнителната субвенција ќе овозможи стабилизирање на пазарот со откуп на лубеници во периодот од 3 до 15 јули оваа година.
Како што се наведува, изминативе денови министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, имаше интензивна комуникација со производителите на лубеници. Доцна синоќа на терен се сретна со производителите и со откупувачите на лубеници, од што произлегоа предлози за решавање на проблемот со откупот. Како резултат на средбата, итно на дневниот ред на денешаната седница на Влада беше предложена и донесена мерката за дополнителна субвенција, се посочува во соопштението од МЗШВ.
Ново на Сител
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
-

Од паднатите дрвја од невремето ќе се создаде нов моторички парк за деца и млади на Водно
