-->
-->
„Добредојдовте во Скопје за УЕФА Супер Куп 2017“ преставен официјалниот флаер за навивачи
-->

Фудбалската федерација на Македонија на својата официјална веб страна го претстави официјалниот флаер (брошура), наменета пред се за навивачите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, тимови кои на 8 август во Скопје ќе се борат за трофејот во УЕФА Супер купот.
Во продолжение се линковите од официјалниот флаер за навивачи (англиски и шпански јазик) и истите може електронски да се преземат.
Во инфо – брошурите објавени на англиски и шпански, добредојде на сите навивачи и фудбалски фанови за натпреварот Реал Мадрид - Манчестер Јунајтед им посакуваат претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.
Исто така, во официјалниот флаер се содржани основни информации за градот Скопје, како да се пристигне во Скопје, информации за Националната арена „Филип Втори“, фан зоните и како најлесно да се пристигне на стадионот.
Флаерите може да ги преземете на следниве линкови.
Англиски јазик - SCUP2017_Spectator_Leaflet_ENG_252x297mm_001.pdf
Шпански јазик - SCUP2017_Spectator_Leaflet_SPA_252x297mm_001.pdf
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
-

Научници: Август беше најжешкиот месец во светот досега
