Зголемени трошоците на живот и цените на мало во јуни

Трошоците на животот во јуни бележат пораст од 1,5 проценти, а цените на мало се зголемени за 2,9 проценти во споредба со јуни минатата година.
Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, трошоците на живот во јуни во споредба со мај се зголемени за 0,3 проценти, а цените на мало за 0,5 проценти.
Пораст на трошоците на животот во однос на мај има кај свежото и разладеното овошје, сувото овошје и јаткастите производи, другите преработки од месо, брашното и житариците и другите прехранбени производи, како и замрзнатиот зеленчук освен компирот.
Во јуни има пораст и кај авионскиот превоз на патници, цигарите, услугите за сместување, информатичката опрема, пакет-туристичките аранжмани, патниот сообраќај, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за под....
Намалување на трошоците на животот има кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот, потоа кај млекото, сирењето и урдата, изнутриците, оризот, јајцата, пекарските производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, маслото и маснотиите и алкохолните пијалаци. Намалување е забележано и кај гасот за домаќинствата, течните горива за домаќинствата, предметите за лична хигиена и здравје, средствата за чистење и одржување на станот, услугите за лична хигиена, малите електрични апарати и услугите за одржување на станот
Ново на Сител
-

Рускиот претседател Путин во официјална посета на Кина
-

Петмина убиени во пукотница во џамија во Сан Диего, двајца од мртвите се осомничени извршители на нападот
-

Скопје домаќин на Форумот на стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион
-

Руските сили пресретнале и уништиле 315 украински дрона, трет дрон уништен пред Москва
-

Хавана ја нарече „неморална и криминална“ американската политика на блокада на Куба
-

Најмногу дожд во Охрид, најстудено на Попова Шапка
-

Инзаги ќе го напушти Ал-Хилал
-

Артета по победата над Барнли: Вие навивачите сте душата на клубот
