-->
-->
Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola отворија Активна зона во Штип
-->

Вчера во Штип беше отворена „Coca-Cola Активна зона“, донација од Пивара Скопје и од компанијата Coca-Cola, со што, всушност, започна вториот циклус од долгорочниот проект на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola за донација на активни зони ширум земјава. Во рамките на овој проект, минатата година беа отворени пет, а годинава е предвидено отворање на уште пет рекреативно-спортски зони.

Зоните се состојат од најсовремена фитнес-опрема, 5 професионални фитнес-справи што ќе им бидат бесплатно достапни за користење на сите граѓани 24 часа.

„Со продолжување на овој проект ја потврдуваме долгогодишната заложба на нашата компанија за промоција на спортот и рекреацијата, но и поддршката што ја даваме за добробит на заедницата. Минатата година се обврзавме дека активните зони ќе станат традиција и ќе ги има ширум земјата, а продолжувањето на проектот е доказ за тоа. Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola како општествено одговорни компании преку разни проекти и донации постојано вложуваат во заедницата. Ми претставува задоволство што со оваа донација и граѓаните од сите генерации на општина Штип добиваат место за рекреација во текот на целиот ден и верувам дека добро ќе се грижат за зоната и ќе ја користат секојдневно“, изјави директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје, Ламбро Патче.
„Се радувам што Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola излегоа во пресрет на барањето на граѓаните на Општина Штип за донација на ’Coca-Cola Активна зона‘, упатено до нив уште минатата година кога започна проектот, и го остварија ветеното. Се надевам дека ’Coca-Cola Активната зона‘ ќе стане најпосетено место во градот, каде што Штипјани ќе имаат можност за рекреација, дружење и забава“, изјави м-р Илчо Захариев, градоначалник на Општина
Штип.

Проектот „Coca-Cola Активни зони“ е дел од глобалната платформа за промоција на активниот живот на Пивара Скопје во соработка со компанијата Coca-Cola. Како дел од истата платформа, Пивара Скопје во изминативе години заедно со компанијата Coca-Cola реализираше низа успешни проекти. Меѓу нив позначајни се Coca-Cola фудбалскиот куп, 5-те бесплатни паркиралишта за велосипеди во Скопје, како и 5-те Coca-Cola Активни зони од првиот циклус во 2016 година.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
-

Костадиновски: „Сејф сити“ ни покажа нашиот менталитет може брзо да се прилагодува на правила
-

Кратово се подготвува за прослава на патронот на градот - Свети Ѓорѓи Кратовски
-

Мицкоски - Варнс: Заедничка заложба за натамошно јанкење на односите меѓу Македонија и САД
-

Тепачка во казино во Карпош
