-->
-->
Вардар го совлада Малме и се пласира во третото коло во Лигата на шампионите
-->

Македонскиот шампион Вардар го совлада шведскиот првак Малме и се пласира во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Во реванш натпреварот од второто коло одигран попладнево на стадното „Младост“ во Стримница, Вардар го совлада Малме со 3:1 и со вкупни 4:2 се пласира во следната рунда.
Натпреварот почна лошо за македонскиот шампион. Во 15.минута главниот судија Анатолиј Жабченко од Украина се реши да покаже на белата точка, откако вардаровиот голман Гачевски во својот шеснаесетник стартуваше над Џо Инге Берг. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Маркус Розенберг за водство за шведскиот тим од 1:0.
Украинскиот судија направи голема грешка кога во последната минута од првото полувреме не досуди најстрога казна на Вардар, откако по корнерот кој беше изведен од левата страна, Конате играше со рака во казнениот простор на Малме.
Тоа како да ги разлути фудбалерите на македонскиот шампион, па во вториот дел тргнаа силно кон голот на противникот. Таквата игра донесе резултат уште во 56.минута кога капитенот Бобан Грнчаров го израмни резултатот.
Само пет минути подоцна Вардар поведе со 2:1. Филипе не успеа да ја искористи најстрогата казна, но на одбиената топка налета Тигран Барсегјан.
Одлуката падна во последната 90.минута кога по акцијата на Блажевски, младинскиот репрезентативец Бобан Николов пласираше во небранетата мрежа за потврда на пласманот во следното коло со конечни Вардар – Малме 3:1.
Во третото коло од квалификациите на Лигата на шампионите, Вардар ќе се сретне најверојатно со данскиот првак Копенхаген тим кој во првиот меч против словачката Жилина забележа убедлива победа на гостински терен со 3:1. Реванш средбата овие две екипи ќе ја играат утревечер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
-

Владата: Акцијата против осомничениот за поткуп е дел од заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата
-

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево
-

Од денеска престануваат олеснувањата за EES на границите на ЕУ, можни подолги редици
