Иран ги осуди новите санкции од САД, најави соодветни мерки кон Американците
Иран ги осуди новите санкции кои САД денеска ги воведоа поради иранската балистичка ракетна програма и како одговор најави соодветни мерки против Американците.
Иранското Министерство за надворешни работи го осуди „безвредниот чин на воведување незаконски санкции од САД“ против 18 физички и правни лица, поврзани со иранската програма за балистички ракети и со елитните воени сили на Револуционерната гарда.
- Техеран за возврат ќе примени нови санкции против Американците и американските ентитети кои дејствувале против иранскиот народ и другите муслимански народи во регионот. Американците сакаат да ги ослабнат способностите и силата на исламскиот режим. Предлагаме реципрочни акции, со висока цена, се наведува во соопштението на иранското МНР.
Санкциите беа воведени неколку часа, откако администрацијата на САД потврди пред Конгресот дека Иран технички ја почитува меѓународната спогодба за неговата нуклеарна програма и може да продолжи со олеснување на санкциите, воведени во врска со таа програма.
На удар на новите санкции, кои значат замрзнување имот и спречување на Американците да работат со тие физички и правни лица, се најдоа седум групи и пет лица, кои и помагале на иранската Револуционерка гарда, како и две групи, кои се поврзано со иранската ракетна програма.
На санкциите се подложени и транснационални криминални групи со седиште во Иран и три лица, кои имаат врска со нив.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот