Северна Кореја ја преживува најтешката суша од 2001 година, економијата покажува најголем раст

Северна Кореја ја преживува најтешката суша од 2001 година досега, која на земјоделските култури им нанела сериозни штети, пренесе ДПА, повикувајќи се на извештај на Организацијата за храна и земјоделие на ОН (ФАО).
ФАО повика на земјата да и се даде итна помош, дополни ТАСС.
Последната најтешка суша во Северна Кореја, од 2001 година, траеше 300 дена и тогаш во земјата имаше голема глад. Исто така, и 90-те години на минатиот век беа години на глад во Северна Кореја и се смета дека тогаш починале меѓу неколку стотини илјади до неколку милиони лица.
Очекувањата се дека ќе се влоши ситуацијата со сушата во земјата, бидејќи во принцип на крајот од јули во неа врнат дождови, а доцните дождови не дозволуваат садење на главните сезонски култури, од кои реколтата се собира меѓу октомври и ноември, предупредува Организацијата за храна и земјоделие на ОН.
Околу 70 проценти од 25-милионското севернокорејско население страдаат од несигурност во исхраната, покажуваат податоците на Светската програма за храна.
Истовремено, денеска беше објавено дека севернокорејската економија се зајакнала со најбрзото темпо во последните 17 години. Податоците за економскиот раст во 2016 година ги објави јужнокорејската Централна банка, пренесоа британските медиуми.
БДП-то на Северна Кореја во изминатата година се зголемил за 3,9 проценти во споредба со претходната година. Растот главно се должи на рударскиот сектор и енергетиката. Во овие области растот во 2016 година изнесувал 6,1 проценти повеќе во споредба со 2015 година. Извозот на земјата е зголемен за 4,6 проценти. БДП-то по глава на жител во 2016 година бил 1,5 милиони вони (1.136 долари).
Северна Кореја, во принцип, не ги објавува податоците за состојбата во нејзината економија, а овие податоци секоја година ги објавува јужнокорејската Централна банка.
Ново на Сител
-

Зголемено нивото на водата во повеќе реки во земјава
-

Австралискиот премиер предлага построги закони за оружје по масовното убиство на плажата Бонди
-

Богати празници со „Лото 7“: 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон
-

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
-

Израелскиот Национален совет за безбедност повика на зголемена будност во странство
-

Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
