ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се повлече од Договорот со Бугарија
СДСМ да се повлече од Договорот за добрососедство со Бугарија, побара денеска ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Договорот е штетен и дека не ги почитува интересите на македонскиот народ и на Република Македонија, поради што, нагласува, нема да му даде поддршка.
- Договор со Бугарија треба да има, но еквивалентен во правата и обврските и во кој ќе се почитуваат националните и државни интереси на Република Македонија, подвлекува партијата.
Квалификувајќи ја како антинародна, неспособна и марионетска, ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека Владата се уште има шанса да се повлече од Договорот.
- Тоа ќе биде најмал израз на почит кон македонскиот народ. Додека во Бугарија се слави потпишувањето, во Македонија има незадоволство и чувство на пораз, нешто што беше видливо и на прославите на националниот празник Илинден на Мечкин Камен и во Пелинце каде што имаше катастрофална, речиси непостоечка посетеност на народот на овие настани, посочува ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, СДСМ многу брзо ќе сноси политичка одговорност и уште на локалните избори ќе ја добие пораката на огорченост и незадоволство од народот.
- Се залагаме за пријателски и добрососедски односи со Бугарија и за пријателство меѓу македонскиот и бугарскиот народ, но овој Договор кој Заев го потпиша не ги почитува интересите на македонскиот народ и на Република Македонија и тоа е видливо и јасно, народот не го поддржува овој Договор, а стручната јавност има сериозни забелешки за неговиот текст. СДС доколку се потрудеше и доколку имаше капацитет, желба и волја за работа, можеше да постигне подобар договор, кој ќе беше вистински израз на пријателство и соработка и со кој немаше да има чувство на победник и поразен, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Штрајк на над 50.000 поштари во Канада поради ниските плати и лошите услови за работа
-
Нема веќе непоразени сезонава во НБА, Бостон му го нанесе првиот пораз на Кливленд
-
Галетановски: Тендер за озвучување на изгорена Универзална сала, дали сте нормални?
-
АХВ: Запленети и уништени 366 килограми месо и преработки од месо во угостителски објект во Охрид
-
Предлог за поведување на стечајна постапка против ЗК Пелагонија АД Битола
-
20 претставки за загадениот воздух поднесени до Народниот правобранител
-
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
-
Од утре повремени врнежи од дожд и снег на планините