Таравари: Законот за јазиците ќе помине во првите сто дена на Владата

Законот за употреба на јазиците ќе помине во првите сто дена на Владата и ќе се испрати до Венециската комисија, истакна денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
- Како партија тоа што сме го кажале пред да влеземе во Владата, зборувам за Движење за реформи - ДПА, тоа сме го кажале и првиот ден кога ме назначија за министер и влеговме во Влада, тоа го кажуваме и сега дека тој закон ќе помине во првите сто дена на новата Влада на Република Македонија, рече Таравари.
Посочи дека нема недоразбирања, нема потреба да ја напуштат Владата, бидејќи, како што рече, се координирани и тоа ќе помине.
Според него, ако тие имаат одговорност за 36.000 гласови на Албанци, повеќе албански гласови од нив има СДСМ. - Така што и тие имаат обврска колку и ние, а да не зборуваме за ДУИ кои имаат речиси двапати повеќе од нас. Сметаме дека тоа ќе помине. Има согласност од сите коалициски партнери да помине во првите сто дена, додаде Таравари.
Ново на Сител
-

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекорден 271 ден
-

Конфликтот во Иран не е „војна“, сообраќајот низ Ормуската Теснина речиси нормализиран, изјави Венс
-

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ во Скопје во чест на 35 години независност
-

Вкупно 31 пожар на отворен простор е регистриран до изутринава
-

Штетата од катастрофалните поплави во Непал надминува 2,5 милијарди долари
-

Трамп: Ја спасив Велика Британија од нуклеарен напад со започнувањето на војната со Иран
-

Сончево и топло со температура до 33 степени
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
