Целовечерен концерт на „Камерен оркестар ЕЛК“ од Кина во Кавадарци

Целовечерен концерт на „Камерен оркестар ЕЛК“ од Кина се одржа синоќа на градскиот плоштад во Кавадарци, во организација на „Охридско лето”, Домот на културата „Иван Мазов-Климе” и кавадаречкиот градоначалник Алекснадар Панов.
Директорот на културниот дом Владимир Темков го изрази задоволството што, како што рече, кавадарчани имаа ексклузивна можност да бидат дел од еден несекојдневен настан.
Проект менаџерот на проектот Дејан Прошев, појасни дека станува збор за соработка помеѓу министерствата за култура од Република Македонија и Народна Република Кина.
- Во рамките на „Охридско лето” се оддржува камп за кинески студенти и македонски студенти за традиционална музика. За да се запознаваат двете култури, македонската и кинеската. И ќе се свират заеднички композиции, традиционални песни. Значи тука имаме наши студенти по музичка академија и дел од ансамблот „Македонија” и кинески студенти. Нашите инструменти се претставени со тарабука, дајре, канон, тука се и кинеските традиционални инструменти, нагласи Прошев.
Прошев за денеска најави краток состанок во Битола со тамошни музичари, а главниот концерт рече дека е во рамките на “Охридско лето” на 15 август.
Гости на вечерта беа членовите на Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ кој работи при Домот на културата од Кавадарци.
Според информациите од организаторите, Камерниот оркестар ЕЛК е основан во септември 2016 година, а неговите членови доаѓаат од најпрестижните музички установи во Кина, како Кинескиот конзерваториум и Колеџот за музика „Капитал“ од Пекинг. Оваа динамична група ја сочинуваат млади професори по музика, студенти и независни музичари. Нивната идеја е да создаваат музика која преставува рефлексија на нивните индивидуални музички гледишта, традицијата и современото живеење, националниот идентитет и космополитизмот. Ваквиот пристап кон музиката резултира со ревидирање на кинеската национална музика, при што тие се одлучни во ставот дека треба да се зачуваат вредностите на традиционалната кинеска музика, додека истовремено се искористуваат современите музички трендови. Идејата е, на тој начин, да се добијат нови, оригинални композиции.
Поради нивниот професионализам и висок стандард на изведби, Камерниот оркестар ЕЛК, како еден од најквалитетните музички ансамбли, е избран од страна на Кинеското министерство за култура да ја промовира кинеската култура низ светот.
Ново на Сител
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
