Најмалку 94 лица загинаа во поплавите во Непал и Индија
Најмалку 94 лица загинале во поплавите и одроните ширум Непал и Индија, а официјални претставници на двете земји стравуваат дека оваа бројка може драстично да се зголеми, бидејќи спасувачите трагаат по десетици лица за кои се верува дека останале затрупани во погодените села.
Во Непал загинале 49 лица, а илјадници биле присилени да ги напуштат своите домови.
Шефот на националната служба за вонредни ситуации изјави дека 17 лица се водат за исчезнати.
Црвениот крст, меѓутоа, изнесува податок дека загинале 53 лица, а дека десетици се повредени или исчезанти, како и дека илјадници куќи се уништени, пренесоа француските медиуми.
Обилнете дождови погодија повеќе од десетина дистрикти на истокот од земјата, како и одделни подрачја на западот, соопшти непалското Министестарство за внатрешни работи.
Во Индија, пак, загинале најмалку 45 лица кога, во планинските северни делови од земјата, свлечиште се урнало врз два патнички автобуса, што слетеле од патот и се урнале во длабока клисура.
Несреќата се случила непосредно по полноќ во индиската држава Химачал Прадеш.
- Пронајдени се телата на 45 лица, изјави локалниот претставник Сандип Кадам, пренесоа француските медиуми.
Истрагата утврдила дека на патот се урнале тони и тони кал и камења.
Спасувачките екипи, на кои им се приклучила и војската, и натаму го пребаруваат местото на несреќата, стравувајќи дека под свлечиштето има уште заробени лица.
Ново на Сител
-
Макрон по средбата со Зеленски: Европа стои зад Украина
-
Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
-
Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија | ФОТО
-
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
-
Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Една сезона може да биде и 1 милион евра | Игор Стефановски - Иџе | Sitel Podcast 086
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри