-->
-->
Во пожар изгоре напуштена куќа во Желино
-->
Пожар што вчера околу 15 часот и 20 минути избувнал во стара, напуштена куќа во Желино во која не живеел никој, а сопственост на З.Е.(73) од ова тетовско село предизвикал штета од околу 120 илади денари, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
- Пожарот избувнал во гаражата при што бил опожарен трактор „Леиланд“, сопственост на роднина на сопственикот на куќата, како и неколку дрвени врати и прозорци кои биле оставени во објектот. Со интервенција на тетовските пожарникари огнот за кусо време е локализиран. Извршен е увид, а вкупната материјална штета се проценува на 120 илјади денари, рече Јосифовски.
Се утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот и се друго поврзано со настанот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа