-->
-->
Москва: Пресметка со Пјонгјанг без обиди за употреба на сила
-->
Русија денеска порача светот да покаже воздржаност кога е во прашање Северна Кореја и нагласи дека од суштинско значење е да се избегне се што би довело до „точка од која нема назад“.
Портпаролката на руското Министрство за надворешни работи, Марија Захарова изјави на прес-конференција дека каков било обид за употреба на сила во решавање на проблемите со Сверна Кореја би резултирало со масовна трагедија и огромна загуба на човечки животи.
Северна Кореја соопшти дека разгледува планови за испукување балистички ракети врз американската територија Гуам на Паификот. Државни медиуми во Пјонгјанг сепак, објавија дека лидерот Ким Џонг-ун одлучил да го одложи донесувањето таква одлука и ќе чека на следниот чекор од САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен