Струмичките земјоделци се жалат на штети кај куртовската капија

Струмичките земјоделци се жалат на големи штети кај куртовската капија која е засадена на отворени површини. Според нивните проценки, поради жешкото време и дождот уништени се до 90 проценти од површините со ајварка засадени на отворено.
Претседателот на Сојузот на земјоделци од Регионалната единица во Струмица, Ванчо Митев изјави дека ситуацијата е алармантна.
- Тоа може да се види на терен, но и пред откупните центри. Ова време имаше и по 20 коли за откуп, а сега едвај по некоја и тоа од куртовска капија засадена под фолија. За жал, земјоделците не се финансиски моќни за да го осигураат родот. Ќе бараме средба со надлежните за да дискутираме за проблемот, рече Митев.
Според него, 3.500 хектари на отворена површина се засеани со ајварката.
Производителите кои го чекаат интензивирањето на откупот на индустриската пиперка, доматот и краставицата очекуваат средба со преработувачите и со Министерството за земјоделство за да ги конкретизираат активностите.
- Потребна е координација за да се избегнат проблемите со пласманот и со откупот. Сакаме да ги конкретизираме цените по кои ќе се продава родот. Најголемиот дел од нас, земјоделците, за втора култура имаат засадено производи кои и се потребни на преработувачката индустрија. Затоа е важно преку дијалог да ги утврдиме и површините кои им се потребни на конзервно-преработувачките капацитети, вели Ристо Велков, претседател на Регионалниот синдикат на земјоделски производители.
Производителите велат дека ланската година имале добар род, но немале добра откупна цена, а годинава, имаат добра цена од по 20 денари за килограм, но го изгубиле родот.
Ново на Сител
-

Честитка од претседателката по повод Курбан бајрам: Само преку разбирање различностите можат да бидат предност
-

Чаир со проширена акција за чистење во пресрет на Курбан Бајрам
-

САД планираат нови царини за Канада и Мексико
-

Канада воведува привремена забрана за влез за жители на три африкански држави како мерка за заштита од ебола
-

Претседателот на Боливија доби пошироки овластувања за ангажирање на армијата
-

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
-

Прскање против комарци во Југоисточниот регион в четврток и петок
-

Сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд
