Велешки пливачки маратон на езерото „Младост“
Во недела на Езерото „Младост“ кај Велес ќе се одржи четвртиот Велешки пливачки маратон во организација на Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“ и Кајакарскиот клуб „Бабуна“ од Велес, под покровителство на oпштина Велес.
Како што информира на денешната прес-конференција Роберт Папазов од организациониот одбор и годинава ќе се плива во три категории на 2,5 на 5 и на 10 километри во олимписка дисциплина во машка и женска конкуренција.
- Заради безбедноста на пливачите годинава патеката е потесна и подолга, информира Папазов.
Според Илија Попов од организациониот одбор, обезбедени се врвни судии, а за безбедноста на пливачите ќе се грижат кајакарите од велешките клубови и 30 спасители од Службата за безбедност на вода на Општинскиот Црвен крст, кои ќе бидат распоредени во чамци, кајаци и на брегот на езерото по претходно организирани пунктови.
- Досега се пријавени 40 во рекреативниот и 30 во натпреварувачкиот дел, а за најдобрите се обезбедени и парични награди, информира Попов.
Стартот е во недела на 27 август во 10 часот за рекреативците и во 12 часот за професионалците во машка и женска категорија.
Како што информираат од организациониот одбор пријавувањето во сите категории трае до петок.
Ново на Сител
-
Три лица загинаа, петмина повредени во сообраќајката кај Катланово
-
Именуван e нов директор на АНБ
-
Сообраќајка на автопатот Скопје-Велес, блокирани двете сообраќајни ленти
-
Лишени од слобода 15 царински службеници и полициски службеник
-
Палевски ангажира втор бранител на судењето за убиството на Вања и Панче
-
Одбраната на дел од обвинетите за убиството на Вања и Панче смета дека не е јасно работењето на полицијата, судењето продолжува на 18 октомври
-
Во БИХ пронајдено телото на последната жртва по која се трагаше по поплавите
-
Претрес во Кичево, приведен лихвар