Кошарка
30. September 2015 - 9:50

Нашиот Магдевски ќе се „кали“ во Партизан

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Магдевски (19 години, 192 сантиметри) наредната сезона ќе го носи дресот на белградски Партизан.
 
Магдевски во еден период од својата кариера настапуваше за младинскиот тим на Партизан, потоа замина во Шпанија каде играше за Реал Б и Уникаха од Малага.
 
Младиот плејмејкер летово ги мина подготвките со македонската репрезентација но не избори место во тимот кој настапи на Европското првенство.
 
Во квалификацискиот циклус за пласман на Евробаскетот, Магдевски беше стандарден во репрезентацијата и 16,5 минути минати на теренот во просек постигнуваше по 3,8 поени.
 
Покрај Макгдевски, Партизан се засили со поранешниот плејмејкер на МЗТ Александар Цветковиќ и со некогашниот репрезентативен центар на Србија Коста Перовиќ.
 
Овие тројца имаат право на настап во првото коло во АБА лигата во кое Партизан ќе му гостува на Металац.