Изложба на уметнички фотографии од Албанија во Кавадарци
Изложба на уметнички фотографии од прикажани на фотографски фестивал во албанскиот град Фиер, беше отворена синоќа во галеријата на кавадаречкиот Дом на култура „Иван Мазов-Климе”, во рамките на Меѓународната ликовна колонија „Кавадарци/Михајлово 2017“.
Сајмир Амети од Албанија, учесник на колонијата, појасни дека фотографиите се од еден од најбогатите региони во неговата земја.
- Регион кој излегува на море, има неколку езера, река, планина, археолошки наоѓалишта, а во последно време и наоѓалиште на нафта, нагласи Амети.
Фотографиите се дело на 26 фотографи кои учествувале на минатогодишниот фестивал, плус дела на кои се стари цркви, како традиционално богатство на тој регион.
Амети информираше дека соработката со Кавадарци е од пред три години. Со годините, таа се продлабочува и на фолклорен план. Изрази надеж дека двете страни ќе соработуваат и во иднина.
Ново на Сител
-
Експлозија во складиште за нафта во Русија по напад на украински дрон
-
Лишен од слобода 44-годишен маж, пренесувал мигранти од Египет
-
МАТТО донира 3,3 милиони денари за семејствата на настраданите во Кочани
-
Најстудено утрово во Берово со минус осум степени
-
ВМА-Белград: Ако има потреба, стоиме на располагање за дополнително сместување повредени од Кочани
-
Комеморативно-културна манифестација во Шибеник во чест на жртвите од пожарот во Кочани
-
Едно лице почина во експлозија на плинска боца во Куманово
-
Топењето на глечерите ги загрозува резервите на свежа вода, предупредуваат експертите