Во Атина одржан состанок за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Гријца

Министерството за надворешни работи попладнево соопшти дека денеска во Атина е одржан состанок за мерките за градење на доверба меѓу Република Македонија и Република Грција во согласност со договорот постигнат меѓу министрите за надворешни работи на двете земји во Скопје на 24 јуни 2015 година.
- Состанокот претставува продолжение на пријателскиот и конструктивен дијалог на заемно договорените теми, како што се проекти за меѓусебно поврзување во областите на транспортот и енергијата, потоа полициска соработка, европски програми, култура, образование, цивилна заштита, јавна администрација, здравствена заштита, соработка меѓу дипломатските академии и иницијативи за деловна соработка. Експерти од релевантните национални институции придонесоа кон плодотворната и продуктивна дискусија, се наведува во соопштението.
Од МНР истакнуваат дека е одлучено следниот состанок да се одржи во Скопје, а за напредокот во процесот на спроведување на мерките за градење на доверба ќе се разговара и на состанокот на министрите за надворешни работи на двете земји што треба да се одржи во четврток во Скопје.
Ново на Сител
-

Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило
-

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели
-

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби
-

Германија планира да ја забрза интеграцијата на барателите на азил на пазарот на трудот
-

Техеран и САД имаат различни мислења за укинување на санкциите, тврди ирански официјален претставник
-

САД за прв пат транспортираа нуклеарен микрореактор од Калифорнија до Јута
-

Две угинати ретки птици мршојадци пронајдени во Кавадаречко, дадени на обдукција
-

Арапските земји ја осудија изјавата на американскиот амбасадор за правото на Израел
