Избрани нови членови на Избирачките одбори во Штип
Избрани се новите членови и нивните заменици на 80-те избирачки одбори на територија на Општина Штип. Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреева на денешната прес-конференција истакна дека Државната изборна комисија по случаен избор ги избрала новите членови и заменици, како ОИК – Штип веќе ги изготвуваат решенијата на членовите и нивните заменици.
Во текот на утрешниот ден членовите на ОИК ќе ги имаат и првите обуки за успешно спроведување на Локалните избори 2017 година. Таа појасни дека Избирачките одбори бројат вкупно 800 членови и нивни заменици, а во Општина Штип околу 10 проценти од членовите и нивните заменици првпат ќе бидат дел од Избирачките одбори и ќе учествуваат во изборниот процес.
- Генерално гледано тие се луѓе, поточно државните службеници во Општина Штип кои покриваат и да речеме буквално 90 проценти е истиот состав, кои само варираат. Ако на претходните избори бил во еден избирачки одбор сега е на истиот реон, но, во друг избирачки одбор. Значи во глобала тоа се луѓето, односно државните службеници, рече Андреева.
Таа забележува дека членовите и нивните заменици на изборачките одбори ќе имаат поголема работа при спроведувањето на Локалните избори.
Промена на избирчки места во Општина Штип на овие избори ќе нема, а Андреева најави дека граѓаните дополнително ќе бидат известени за роковите кога граѓаните ќе можат да пријавуваат болните и изнемоштени лица да гласаат во своите домови ден пред Локалните избори, кои ќе се одржат на 15 октомври.
Ново на Сител
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО
-
Директорот на ФБИ нареди големо прераспоредување на персоналот
-
МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство
-
Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје