Најмалку 13 цивили загинаа при воздушни напади во Авганистан
Најмалку 13 цивили од исто семејство се убиени во воздушните напади против талибанците во источниот дел на Авганистан, а изведени од коалицијата предводена од САД, соопштија локалните власти.
Американските сили во Авганистан соопштија дека имало воена операција во округот Пули Алам во провинцијата Логар, за што се води официјална истрага.
- Американските сили и авганистанската војска во населбата Дашт-е-Бари изведуваа заедничка операција, по што беа нападнати од талибанските бунтовници, изјави Салем Салех, портпарол на гувернерот на покраината.
Тој додаде дека странските сили одговорија на нападот и ги принудија талибанците да се сокријат во домовите на цивили, кои се наоѓале во близина. Потоа тие повикаа воздушно засилување, при што ги бомбардираа куќите, предизвикувајќи жртви меѓу цивилното население, објасни Салех. Тој прецизираше дека се повредени и 15 лица, сите жртви се од исто семејство, вклучувајќи жени и деца.
- Во операцијата загинаа најмалку 12 талибанци, вклучително и команданти, додаде портпаролот.
Во првата половина од оваа година, според податоци на Обединетите нации, загинаа 1.662 цивили, а повредени се 3.581 лице.
Ново на Сител
-
Ахмети: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката
-
31 годишник бранејќи се од дива свиња се самозастрелал во штипско
-
Се пренасочува сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце
-
Американците се обложиле во 100 милиони долари на Трамп против Харис
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО-ДПМНЕ
-
Конференција 75 години НАТО
-
Опозицијата прифаќа да оди на предвремени избори, албанската коалиција на власт смета дека нема потреба од избори
-
Изборен ден во САД