Куп на Македонија: Вардар убедлив против Пелистер
Во дербито од осминафиналната рунда на фудбалскиот Куп на Македонија одиграно попладнево на арената „Филип Втори’’ фудбалерите на Вардар славеа убедлива победа со 4:1 над Пелистер.
Уште по првиот дел беше јасно дека црвено-црните ќе се радуваат на триумф, откако го добија првото полувреме со 3:0, со головите кои ги постигнаа Артак Дашјан (20-минута), Дарко Велковски (25) и Хофханес Хамбарџумијан (44).
Во вториот дел, битолчани со евроголот на Недановски во 52-минута намалија на 3:1, но веќе во 64-минута, Бобан Грнчаров го постигна четвртиот гол за домаќините, за конечни Вардар – Пелистер 4:1.
На останатите натпревари беа постигнати овие резултати:
Ренова - Силекс 1:2
Шкендија - Металург 2:0
Македонија ЃП - Љубанци 3:2
Велазерими - Младост 2:4
Гостивар - Работнички 0:4
Хоризонт Т. - Скопје 3:1
Брегалница - Шкупи 2:0
Ново на Сител
-
Украина прогласи висок степен на тревога
-
Локализиран е пожарот на планината Беласица
-
Во Берово најстудено со - 6, во Гевгелија измерени 5 степени Целзиусови
-
Биткоинот достигна вредност од 80 000 долари
-
Патот Кратово - Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег
-
Скопје утринава се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот
-
Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија
-
Во Баку почнува Самитот на ОН за климатски промени