Почнува „Агрофуд 2015“
На Скопски саем денеска почнува меѓународниот саем за широка потрошувачка „Агрофуд 2015“. Манифестацијата, која се организира 65-та година по ред, акцент става на македонската традиционална зимница и на органските производи кои ќе можат да се купат по промотивни цени.
„Агрофуд 2015“ ќе трае до недела и на него, како што најавија организаторите, ќе се претстават компании од конзервната индустрија, земјоделската механизација, индустријата за амбалажирање и пакување, како и од областа на производство на опрема за прехранбена индустрија.
Презентации, промоции, дегустации и интерактивни излагања, се само дел од програмата. Посетителите ќе имаат можност да ја слушнат приказната за дивото оригано, да се информираат за примената на органските микробиолошки ѓубрива од калифорниски црв, да се запознаат со првата задруга на потрошувачи на органска храна, да научат за безглутенската исхрана,... Ќе ги видат и т.н. идни производи кои допрва треба да стигнат на пазарот - различни видови брашна, зимни лубеници, гроздов мед од органско грозје,...
Покрај Денови на дегустација и продажба на органски производи и Денови на дегустација и продажба на македонска зимница, предвидени се и дегустација и продажба на млечни и сувомесни производи.
Во рамки на „Агрофуд“ ќе се одржат и Отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство, како и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) кое е партнер на Саемот. МЗШВ ќе ги претстави ИПАРД програмите и Платежната агенција.
Соработник на саемската манифестација е и Сојузот на стопанските комори кој уште првиот ден ќе организира Македонско-унгарски бизнис средби.
Унгарија со десетина фирми, годинава е учесник и партнер на „Агрофуд“. Унгарските компании се заинтересирани за соработка, а главно бараат производители на вино, дистрибутери во синџирот на супермаркетите и на алкохолните пијалаци, сточари, фармери и земјоделци со помали површини, како и партнери за реализирање увоз на унгарски производи.
„Агрофуд“ ќе биде отворен од 11 до 19 часот, а влезот е бесплатен.
Ново на Сител
-
Мартовски Самит на ЕУ: Главни теми конкурентноста, Украина и европската одбрана
-
Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА
-
Погреб на загинатите во пожарот во Кочани
-
Се проширува истрагата за несреќата во Кочани, притвор за полициски службеници поврзани со издавање согласности за функционирање на дискотеката
-
Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
-
Регистриран земјотрес во Струмичко
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница