Врачена државната награда „8 Септември“

Во Свечената сала на Собранието на Република Македонија денеска беше врачена државната награда „8 Септември“ за животно дело и признанија за високи остварувања во областа на спортот.
Шахистот Иван Кочовски е добитник на овогодинашната државна награда за животно дело „8 Септември“, која по шести пат ја доделува Агенцијата за млади и спорт.
Признанија за остварувања во областа на спортот добија каратистот Петар Белистојановски, пливачот Александар Коцевски Џајо, ракометарот Ристо Магдинчов и кајакарот Ѓокица Николовски.
Наградата на Кочовски денеска ја додели директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски. Тој рече дека Агенцијата ќе ги поддржи сите млади талентирани спортисти, но и спортски работници кои ја афирмираат Република Македонија, бидејќи само сите заедно може да чекориме сплотено и државата ја вратиме на вистинските европски патеки.
Членот на Одборот за доделување на наградата „8 Септември“ Јовица Угриновски пред доделувањето на наградите рече дека иако Комисијата и Одборот имале тешка задача, едногласно одлучиле за овогодинашните добитници.
Угриновски во име на Одборот и во негово име им честита и посака уште многу успеси.
Шахистот Кочовски на свеченоста се заблагодари на сите македонски репрезентативци што ги водел во изминатите 10 години на сите европски и светски првенства. Тој изрази надеж дека е на повидок е создавање една нова генерација и им посака убава иднина на сите.
Каратистот Белистојановски рече дека претставува чест и обврска да се биде добитник на државна награда и се заблагодари на Федерацијата, спортистите и сите заслужни за успехот на карате спортот.
Пливачот Коцевски Џајо по примањето на наградата рече дека дел од наградата ќе донира за ученикот од спортскатата гимназија Марио Мицковски, кој што на специјалната олимпијада во Лос Анџелес освои златен и сребрен медал.
Ракометарот Магдинчев им посака на сите спортисти и спортски работници во државата да продолжат со работата и еден ден ја добијат оваа награда.
Кајакарот Николовски рече дека наградата ја разбира како големо признание за неговата внесеност во кајакарството и им посака на спортистите да продолжат да нижат успеси.
Ново на Сител
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
-

Од утре повремен дожд и пониски температури
-

Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката
-

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик, јасна е одлуката на Венециската комисија
