-->
-->
ФИФА: Македонија дури 132-ра во светот
-->
Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја објави најновата ранг листа на националните тимови, на која македонската репрезентација бележи пад од 28 позиции и се наоѓа на 132-то место. Поразите од Луксембург и Шпанија во квалификациите придонесоа Македонија да го има еден од најлошите пласмани во последните две децении.
Пред Македонија на листата се наоѓаат ‘фудбалски дивови’: Кенија, Палестина, Северна Кореја, Кувајт, Мадагаскар, Централно Африканска Република, Намибија, Бахреин, Сирија, Сент Винсент и Гренадин, Сиера Леоне, Нигер...
Од противниците на Македонија во кавлификациската група најдобро котира Шпанија која се врати меѓу најдобрите десет во светот. Шпанците ‘скокнаа’ за пет позиции и сега се наоѓаат на шестото место на ФИФА листата, а потоа следуваат Словачка (18), Украина (23), Белорусија (98) и Луксембург (142).
Меѓу првите десет се наоѓаат Аргентина, Германија, Белгија, Португалија, Колумбија, Шпанија, Бразил, Велс, Чиле, Англија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви | ВИДЕО
-
Иран лансираше ракети кон Израел | ВИДЕО
-
Контрола во правно лице во Скопје, затекнати седум турски државјани кои незаконски работеле во државата
-
Почина жена на Клиника во Скопје
-
Скопјанец со автомобил намерно удрил во тинејџер при што го повредил
-
Пронајдена дрога кај осуденик во штипскиот затвор
-
Роднини од Врапчиште туркале судија и не му дозволиле да изврши увид
-
Ѝ се заканил на судијка дека ќе ја убие, ОЈО поведе постапка