Македонија
13. September 2017 - 10:14

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов вели се залага за зеленило во Скопје, а не гласаше за Законот за зеленило

Бидејќи гледаме Петре Шилегов во континуитет се интересира за зеленилото во град Скопје, јавно го прашуваме зошто не гласаше за Законот за зеленило и не го поддржа и дали и колку дрва посади тој за 7-те луксузни живеалишта кои ги поседува во Скопје.

Граѓаните го гледаат лицемерието на Шилегов и начинот на кој сака да ги манипулира со целосни невистини.

Граѓаните гледаат и знаат дека во град Скопје, во изминативе 4 години беа подигнати нови 330.000 м2 зелени површини, а засадени се нови 256.000 листопадни и зимзелени садници.

Граѓаните знаат дека во периодот додека Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ управуваа со град Скопје, се преземени бројни мерки со кој се подобри секојдневното живеење. набавени се над 300 нови едноподни и двокатни автобуси, со што се исфрлија од возен ред автобусите кои беа стари и над 30 години.

Реконструирани и проширени се голем број на булевари и улици на територија на град Скопје, со што се намали сообраќајниот метеж и се овозможи побрз проток на возила. 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ