Фудбал
17. September 2017 - 17:40

Серија А: „Шестка“ од Наполи за Беневенто

Фудбалерите на Наполи ја постигнаа најубедливата победа во 4.коло од Серија А и благодарение на најдобрата гол разлика (+13) во однос на конкурентите Јувентус (+10) и Интер (+9) се наоѓаат на првото место на табелата. Попладнево Наполи со 6:0 го совлада Беневенто, а стрелци на головите беа: Алан (3.минута), Лоренцо Инсиње (15), Дирес Мертенс (27 и 65-пенал), Хозе Каљехон (32) и Кристијан Маџио (90-пенал).
Резултати на другите дуели од 4.коло: Сасуоло - Јувентус 1:3, Милан - Удинезе 2:1, Спал - Каљари 0:2, Торино - Сампдорија 2:2, Рома - Верона 3:0, Фиорентина - Болоња 2:1 и Кротоне - Интер 0:2.
Од 18 часот играат: Киево - Аталанта, а од 20:45 часот е дуелот Џенова - Лацио.
Табела: Наполи 12 бода, Јувентус 12, Интер 12, Милан 9, Торино 8,...