Повлечена кандидатурата за членство на Косово во Интерпол

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја повлече кандидатурата на Косово за членство во Интерпол, соопшти денеска неговиот кабинет.
Одлуката на Харадинај следи по изјавата на косовскиот заменик-премиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли дека Косово не успеало да обезбеди довлен број гласови за биде примено во Интерпол.
Во соопштението на Кабинетот на Харадинај се наведува дека поддршка за членство на Косово во Интерпол дале многу земји, но дека нивниот број не е доволен за да се овозможи прием на земјата во оваа светска органзиација.
- Како косовски премиер денеска решив да побарам на претстојниот состанок на оваа орагнизација да се одложи гласањето по барањето за членство на Косово во Интерпол, наведува Харадинај во писмената изјава.
Харадинај во соопштението им изразува благодарност на сите косовски институции кои беа вклучени во постапката за членство на Косово во Интепол, како и на сите меѓунардни партнери.
Тој притоа апелираше сите да „работат за Косово“, со цел негово зачленување во Интерпол на следното заседние на организацијата.
- Членсството на Косово во Интерпол ќе претставува директен продонес во борбата против меѓународниот криминал и тероризмот, нагласува Харадинај, додавајќи дека Приштина е подготвена да преземе целосна одговорност како полноправна членка на Интерпол.
По иницијативата за членство на Косово во Интерпол, членките на оваа меѓународна организација требаше да се изјасната на 26 септември во рамки на нејзиното Генерално собрание.
Барањето за членство во Интерпол, Косово го поднесе во 2016 година.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
