Џордан поддржа спортисти кои клечат при интонирање химна
Кошаркарската легенда Мајкл Џордан изрази поддршка за слободата на говор и мирните протести откако американскиот претседател Доналд Трамп ги критикуваше спортистите кои не стојат за време на интонирање на химната на САД.
Трамп остро ги критикуваше играчите на американски фудбал кои поради пртотести кон начинот на кој се постапува кон црнци и општрествени неправди не сакаат да стојат за време на интонирање химна.
Спорот на Трамп и спортистите ескалираше во петокот кога кошаркарот на Голден стејт, Стивен Кари рече дека не сака да оди на традиционалната прослава во Белата куќа, по што Трамп рече дека тој кошаркар веќе не е повикан.
Трамп ги засили критиките кон играчите од американската фудбалска лига и бараше од сопствениците на клубовите да отпуштат оиграчи кои не почитуваат американска химна.
Џордан, сопственик на Шарлот хорнетс, рече за локални медиуми дека не треба „да се домонизираат оние кои го користат правото мирно да се изразат“.
– Едно од темелните права во оваа држава е засновано на слободата на говор и имаме долга традиција на ненасилни и мирни протести, изјави Џордан.
Нападите на Трамп врз спортисти ги засилија протестите меѓу американските фудбалери. Имено, вчера повеќе од 100 играчи седеја или клечеа што е облик на протест што почна лани од квотербекот на Сан Франциско, Колин Кеперник. Еден тим во НФЛ го одседи интонирањето химна во соблекувалната, јавуваат американски медиуми.
Ново на Сител
-
Раководството на Реал Мадрид незадоволно од настапите на тимот
-
Вавринка со историско достигнување
-
В недела локални избори во Босна и Херцеговина
-
ПСЖ ќе се обиде да го привлече Салах со тригодишен договор
-
Мицкоски, Агелер и Мисајловски на методско-показна вежба на „Криволак“
-
ИЈЗ: Расте бројот на новозаболени и на смртни случаи од рак на дојка, лани починале 346 жени
-
Макрон: ЕУ може да умре
-
ИДФ синоќа изврши 11 напади врз бејрутското предградие Дахија