Меркел: Европа треба да ги заштити надворешните граници

Германскиот канцелар Ангела Меркел нагласи денеска дека Европа треба да ги заштити надворешните граници.
Континентот е соочен со најголемиот бегалски бран од Втората светска војна досега, криза која според неа, го поставува на испит „карактерот на Европа“.
Стотици илјади бегалци и мигранти пристигнаа во Европа оваа година од Блискиот исток, Африка и Азија.
Меркел наведе во видеообраќање дека Европа треба да придонесе за справување со тој глобален предизвик.
– За Европа тоа значи ние пред се да ги заштитиме нашите надворешни граници, и да ги заштитиме заедно за да има ред во имиграцијата кон Европа, нагласи таа.
Тоа значи исто така дека треба да преземе повеќе одговорност за државите каде се причините за бегството на луѓето и каде има најмногу бегалци нако што се Либан, Јордан и Турција, потенцира Меркел.
Ново на Сител
-

Опожарен стан во Куманово
-

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
-

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот
-

Еврогрупата бара решение за енергетскиот шок: Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
-

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032
-

По долга правна битка евтаназирана 25-годишна Шпанка со инвладитет
