Објавена наводна аудио снимка на Ал Багдади
„Исламска држава“ денеска, преку новинската агенција Ал Фуркан, поврзана со џихадистите, објави наводна аудио снимка на лидерот на ИД Абу Бакр ал Багдади.
Снимката е објавена по се погласните шпекулации околу судбината на Ал Багдади, откако ИД го изгуби поголемиот дел од територијата која ја контролираше во Ирак и Сирија.
Командантот на американските сили кои се борат против ИД во Ирак и Сирија, генерал полковник Стивен Таунсенд, кон почетокот на месецов изјави дека верува дека Ал Багдади е жив. Тоа е во спротивност со тврдењата на Русија дека најверојатно руските сили го убиле Ал Багдади во водушен напад на градот Рака, во мај годинава.
Не е познато кога е направена 46-минутната снимка, но според содржината, таа е снимена неодамна. Во неа се спомнуваат заканите на Северна Кореја упатени кон САД и Јапонија
„Ох, војници на исламот и поддржувачи на калифатот насекаде, интензивирајте ги нападите и вклучете ги седиштата на медиумите - неверници и идеолошки воени центри меѓу (вашите)цели ", вели гласот, за кој се верува дека е на Ал Багдади.
„Продолжете ги џихадот и благословените операции и не дозволувајте им на крстоносците и отпадниците да уживаат во добар живот или пријатно да живеат во нивните земји, додека вашите браќа се соочуваат со бомбардирање, убиства и уништување“, продолжи тој.
Ново на Сител
-
Австралија Опен го собори минатогодишниот рекорд на посетеност
-
Полицијата убила маж од Индијана кој пред неколку дена бил помилуван од Трамп за учество во нападот врз Капитол
-
ЕСМ дистрибуција на топлина до РКЕ поднесе барање за зголемување на трошокот за гориво за 2024 година за 12,92 отсто
-
Студенти во Нови Сад нападнати со безбол палки, на девојка вилицата и е изместена и има тешки повреди по телото
-
Сиљановска-Давкова: Со Коперникански чекори за полско-македонска соработка
-
Трамп: DeepSeek да биде „повик за будење“ за американските компании
-
На владина седница денеска се очекува да помине договорот за парите од унгарскиот заем наменети за компаниите
-
Украдени четири романски древни артефакти што биле позајмени на холандски музеј