Спорт плус
28. September 2017 - 22:37

Лесна победа на Србија за полуфинале

Одбојкарките на Србија обезбедија полуфинале на ЕП откако во четвртфиналето ја совладаа Белорусија со убедливи 3-0 во сетови ( 25:19; 25:12 и 25:14). Во полуфиналето Србија ќе игра против победникот од утрешното четвртфинале меѓу Русија и Турција.

Претходно Холандија истотака убедливо ја совлада Италија со 3-0 во сетови и во полуфиналето ќе игра со подбриот од четвртфиналето Германија - Азербејџан што се игра утре.
Полуфиналните дуели се играат на 30.септември (сабота).