Фејсбук: Десет милиони луѓе ги видоа огласите поврзани со Русија
Фејсбук“ денеска соопшти оти се проценува дека околу 10 милиони луѓе, пред и по изборите во САД минатата година, ги прегледале огласите на социјалната мрежа, поврзани со една руска интернет агенција.
Фејсбук претходно соопшти дека на американскиот Конгрес му предала околу 3.000 реклами кои се доведуваат во врска со Русија, а кои се фокусираат на различни социјални и политички пораки, вклучувајќи и ЛГБТ прашања, имиграција и право на оружје.
Како што се наведува, овие огласи, во голем број ги охрабриле луѓето да ги следат страниците за тие прашања. Некои од огласите биле платени со руска валута.
Компанијата „Фејсбук“ вчера соопшти дека планира да ангажира 1.000 лица, кои ќе ги проверуваат рекламите што се објавуваат на социјалната мрежа.
Потегот е одговор на критиките со кои се соочи „Фејсбук“ од страна на американската Демократска партија дека со отстапување простор за реклами и новинарски текстови од Русија се влијаело на изборниот пораз на демократскиот кандидат Хилари Клинтон на ланските избори.
„Фејсбук“ наведе дека освен ангажманот на 1.000 лица за контрола на рекламите, во иднина за таа цел ќе бидат вработени уште неколку илјади лица, а ќе развие и софтвер кој автоматски ќе ја проверува содржината на спонзорираните коментари и вести кои ги објавуваат милиони од корисниците.
Освен проверката на политичките материјали, „Фејсбук“ ќе внимава и да не се објавуваат акти на насилство, убиства и самоубиства, коментари кои промовираат расна дискриминација или продажба на забранети супстанци
Ново на Сител
-
Белата куќа: Секоја земја која неправедно постапува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини
-
Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во Камбрилс
-
Од 14 април почнува заедничката гранична контрола на граничен премин Долно Блаце-Елез Хан
-
Реакции поради пресудата за Марин Ле Пен
-
Забрана за сообраќај на возила на грчкиот остров Парос поради силното невреме
-
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
-
ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем“