БиХ ги загуби шансите за Мундијал

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина загуби од Белгија 3:4 (2:1), во претпоследното коло во Х групата, во кавлификациите за пласман на Светското првенство. По овој пораз БиХ има минорни шанси да стигне до баражот за пласман на Мундијалот, бидејќи Белгија уште во минатото коло го обезбеди првото место во групата. Во вториот натпревар од оваа група Гибралтар загуби од Естонија 0:6. Еден меч е одигран и во А групата, Шведска го декласира Луксембург со 8:0.
БиХ против Белгија имаше водство на полувреме, потоа и нерешен резултат во 82.минута, но на шест минути до крајот играчот на мечот Јаник Караско го постави конечниот резултат. Покрај голот Караско беше асистент за вториот и третиот гол на Белгија.
Муние во раната фаза на мечот, во четвртата минута го отвори резултатот, но до крајот на полувремето БиХ преку Медуњанин и Вишча направи пресврт. Во вториот дел, пресврт прави Белгија, Батшуаи израмни на 2:2, а Вертонген погоди за предност 3:2.
Резултатот потоа го израмни Ѓумиќ во 82.минута, а две минути подоцна Караско ги постигна конечните 3:4.
Белгија во оваа група има 25 бодови, БиХ е втора со 14, а трета со натпревар помалку е Грција со 13 бодови.
Во вториот меч од оваа група Естонија славеше над Гибралтар 6:0. Хет трик постигна Тамн, а по еден гол постигнаа Лутс, Каит и Зенјов.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
