Астероид ќе помине близу Земјата в четврток

Астероидот „2012 ТЦ-4“ в четврток ќе помине покрај Земјата и тоа на растојание колку три и пол нејзини пречници, односно една деветина од растојанието меѓу нашата планета и Месечината.
Иако 44.000 километри делува како голема оддалеченост, во Вселената ова растојание значи „за влакно“
Сепак, според американската вселенска агенција НАСА, „2012 ТЦ-4“ нема да се судри со нашата планета.
Европската ЕСА пак, ја процени ширината на астериодот на 15 до 30 метри, а пак брзината на 17 километри во секунда. Според податоците на НАСА, масата на вселенското тело изнесува околу 7.000 тони.
Кога еден таков објект би удрил во Земјата, ефектот би бил еднаков на експлозија од 20 просечни нуклеарни проектили. Астероид со слични параметри и својства во 2013 година направи хаос во Русија, близу градот Чељабинск, иако притоа телото се распадна во атмосферата. Тогаш, 1.500 лица беа повредени, а 7.000 згради беа оштетени.
Експлозијата на астероидот кој пред 109 години го погоди Сибир, срамни со земја простор од 2.000 квадратни километри. Пречникот на тој објект бил 40 метри.
За среќа, статистиката вели дека такви катастрофи се случуваат еднаш во 300 години.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
