Барзани: Ќе направиме се за нормализирање на односите со Турција

Премиерот на Ирачки Курдистан, Нечирван Барзани изјави дека ќе направи се што е потребно за нормализирање на односите со Турција, јави турската телевизија НТВ.
- Не е лесно да се расплете јазолот со Турција, но треба да вложиме напори да ги вратиме односите на претходното ниво. Не сме закана за никој од своите соседи, истакна Барзани.
Тој повтори дека автономната област, која спроведе референдум за независност на 25 септември, сака да разговара со официјален Багдад без какви било предуслови.
Според него, изнесувањето на проблемот од Багдад во други земји не е од корист ниту за Ирак, ниту за другите земји.
- Тој проблем е на Ирак, рече Барзани.
Повеќе од 90 отсто од избирачите на референдумот за независност на Ирачки Курдистан, против кој категорично застана ирачката Влада, се изјаснија за отцепување од Ирак.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
