Апелацискиот суд во Солун ќе одлучува за екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски

Поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски денеска ќе бидат изведени пред Судот во Солун, поради поседувањето лажни патни документи со кои престојувале во Грција, наведува АНА-МПА.
На нивното прво појавување пред грчкиот јавен обвинител во Солун, тие ги отфрлиле обвинувањата од македонските власти, оценувајќи ги како политички мотивирани. Притоа, побарале да не бидат екстрадирани во Македонија, бидејќи стравувале дека нивниот живот ќе биде доведен во опасност.
Во македонските документи доставени до Интерпол се посочува дека станува збор за двајца високопозиционирани членови на тајните безбедносни служби.
Апелацискиот суд во Солун следните денови ќе одлучи дали Грујевски и Бошкоски ќе бидат депортирани во Македонија.
МВР синоќа го доби известувањето од Интерпол-Атина за Бошкоски и Грујевски кои се бараа со меѓународна потерница, а завчера беа приведени во Солун и веднаш го препрати до Министерството за правда за тоа да ги подготви потребните документи за екстрадиција.
Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи на Република Македонија во Солун вчера го информира македонското Министерството за правда дека Грујевски и Бошкоски во текот на денот ќе бидат изведени пред Обвинителство во Солун, каде ќе им биде одредено во кој затвор ќе бидат притворени се до комплетирање на предметот на екстрадиција.
И покрај тоа што Македонија и Грција немаат договор за екстрадиција, двајцата приведени може брзо да и бидат предадени на Македонија со договор на двете министерства за внатрешни работи, тврди поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов за Дојче Веле.
Скандалот со прислушувањето во Македонија почна во 2015 година и предизвика политичка криза во земјата.
Грујевски и Бошкоски беа уапсени завчера на аеродромот во Солун, обидувајќи се да излезат од Грција со лажни бугарски пасоши.
Двајцата се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување на граѓани и за уништување на системите за прислушување, случаи познати под името „Тврдина“, „Таргет“ и„Тврдина 2“.
Ново на Сител
-

Светско првенство во киксбокс: Бабовски победи, Смилевски загуби, Илковски се повреди
-

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина и почеток на ерата на супер-интелигенцијата
-

82-годишник почина по тепачка со 76-годишник за лежалка на плажа во Грција
-

Пациент тврди дека бил претепан од болничар, од установата пријавиле дека паднал од кревет
-

69-годишна жена од валандовско изгоре во пожар во сопствената куќа
-

Холанѓанец и Шпанец нападнале арачиновец во Аеродром
-

Мицкоски во Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки
-

Заминал на работа и исчезнал, неколку часа подоцна пронајден мртов на стадион со моторна пила до него
