Драма на концертот на Ана Бекута: Ја нападнал пијан манијак и ја бркал низ бината
Ана Бекута доживеа непријатност на концертот кој во саботата вечерта го одржа во Сава центарот.
Пред крај на настапот, кој за разлика од претходните години, траел нешто повеќе од еден час, пејачката била нападната од непознато момче.
Побегнала
Според зборовите на извор кој концертот го следел од првиот ред, помлад маж во видно алкохолизирана состојба скокнал на бината и агресивно тргнал кон Ана. Исплашената фолкерка кога видела како и се приближува момчето го прекинала настапот и побегнала зад пратечките вокали.
-Сите се прашуваа што се случува во моментот кога Ана наеднаш престанала да пеее. Потоа на бината го видовме мажот што ја бркаше. Бекута не знаеше што ја снајде. Видов дека се преплаши. Обезбедувањето скокна на насилникот и го фати за рака, а тој се обиде да се оттргне. Почна нешто да вика и да се заканува. Беше пијан и неконтролирано се однесуваше. Целата бина беше во шок, вели изворот.
Тој вели дека партнерот на Ана, Милутин Мркоњиќ најмногу се исплашил.
-Политичарот седеше во првиот ред и штом забележа дека пејачката престана да пее, знаеше дека нешто не е во ред. Полуде кога виде дека насилникот оди кон неговата партнерка. Скокна од столицата и викна обезбедување за да ја спаси Ана. Да можеше и тој ќе се качеше на бината. Беше многу бесен. Бараше веднаш да дознаат кој е тој чивек и да испитаат зошто почна да ја напаѓа неговата драга- вели изворот.
Пејачката и нејзиниот партнер не дадоа свој коментар за овие случувања.
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот