-->
-->
Презентација на „Православна енциклопедија“
-->
Амбасадата на Руската Федерација во Македонија и Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје утре во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе промовираат „Православна ециклопедија”, а по повод овој настан во четврток во црквата „Св.Софија“ ќе се одржи и концерт на хорот на Подворје на Руската православна црква од Софија.
На настаните ќе присуствува и Михаил Ефимович Швидкој, специјален претставник на Претседателот на Руската Федерација за меѓународна културна соработка.
На презентацијата на енциклопедијата најавени се и обраќања на рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак, архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан, ректорот на Скопскиот универзитет Велимир Стојковски и заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице