ХИТ ФОТО од Балканот: Средношколци до училиште одат со мотокултиватор, имаат месечни карти но не и превоз

Додека политичарите се натпреваруваат кој со народните пари ќе си купи поскап, подобар или поудобен автомобил, во централната сараевски општина, на Нахоревски брда средношколците секој ден до училиште и назад до куќите одат со мотокултиратор.
Седнуваат во непокриената приколка и секојдневно се возат саат време до учичиштето на Језеро. Некогаш ги има по 13 во една тура. Секогаш ги вози Муниб Гљива, на кој не му е тешко да ги остави своите обврски и да ги однесе децата со својата машина/
-Сите деца имаат месечни карти за градски превоз, но не ги користат зошто до Нахоревски Брда нема превоз. Секој ден ги возам, ги чекам да се соберат сите, не сакам некого да заборавам. Саат време додека да се спуштиме, толку ми треба и да се вратам зошто машианта оди 15 километри на час. Чекам после да ми се јават и одам по нив, раскажува Гљива.
-Како што доаѓа зимата, сега порано паѓа мрак, па сега одам стално, без оглед на тоа дали паѓа дожд. Направив клупи во приколката полесно да седат. За една тура ми треба литар гориво. Не ми е жал, важно ми е децата да стигнат, вели старецот.
Во мотокултиваторот се вози и внукот на Муниб, Сеад кој е исто така средношколец.
Ново на Сител
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
