-->
-->
Нацрт-стратегијата за образование на јавна дебата во Собранието
-->

Нацрт-стратегијата за образование за периодот од 2018 до 2025 година денеска беше на јавна расправа во собраниската Комисија за образование, наука и култура.
Стратегијата е почната да се работи во 2016 година со финансиска и техничка поддршка од Европската унија. Првично било планирано да го опфати периодот од 2017 до 2020 година, но потоа е одлучено да биде продолжена до 2025 година.
За министерката за образование и наука Рената Дескоска - Треневска, важно е донесувањето на еден ваков документ што треба да претставува рамка на активности кон кои ќе се движи образованието во следниот седумгодишен период.
- Наша визија е образование кое создава активни граѓани опремени со знаење и вештини за модерен свет кои се подготевни да се вклучат на пазарот на трудот и да ја збогатат секоја средина со својата работиливост, креативност и иновативност. За да создадеме активни граѓани, потребни ни се активни и мотивирани наставници, динамични, отворени и флексибилни училишта. Пасивност, ригидност, казнивост, импровизација се однесувања кои нашиот образовен систем треба да ги напушти, рече министерката Дескоска, која ги повика сите засегнати страни да дадат свои предлози и забелешки со цел да се донесе квалитетен документ.
Од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) посочија дека треба сериозно да се спроведат реформите во образованието за да не се создаде ситуација во која би биле отпуштани вработени во образованието.
- Не може да се согласиме со ниедна реформа која би се спровела на грбот на работниците. Свесни сме за оптовареноста на дел од наставните планови, особено во одделенската настава, но со исфрлање на наставни предмети и со намалување на фондот на часови, треба многу сериозно да се направи реформата, за да не остане ниту еден наставник без работа, истакна Јаким Неделков, претседател на СОНК.
Како забелешка на Нацрт - стратегијата беше посочен и временскиот период од седум години и тоа што нема направено соодветна анализа за состојбите во високото образование врз основа на која би се дефинирале целите во следниот период.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ прашаа дали со планираното ревидирање на учебниците се планира ревизија на учебниците по историја, на што министерката Дескоска одговори дека ќе бидат ревидирани сите учебници кои содржат погрешни податоци и кај кои има неконзистетност.
- Сите учебници кои покажале дека имаат неконзистентност, кои содржат погрешни податоци и методологија која е несоодветна за учениците, ќе бидат ревидирани. Наскоро ќе предложам измени на Законот за учебници со цел да го олесниме процесот на ревидирање на учебниците, истакна министерката Дескоска.
Со цел да се отвори инклузивна дебата и да се донесе подобар документ, Стратегијата е објавена на веб страницата на Министерството, а досега се пристигнати забелешки од околу 30 поединци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Русија тврди дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
-

Поради активност на вулканот Етна суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија
-

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
