Деведесет години ветеринарна наука во Македонија

Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје (ФВМС) денеска го одбележува јубилејот „90 години ветеринарна наука и едукација” во Македонија.
Одбележувањето е по повод основањето на првата ветеринарна научна и едукативна институција во Македонија, Ветеринарно одделение во рамки на Хигиенскиот завод во Скопје основан 1927 година, од кој подоцна настанува Ветеринарниот институт кој, пак, од 2004 година работи во рамки на Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје.
Во претпладневниот дел е предвидена работна сесија со пленарни предавања за современите трендови, предизвици и потреби во ветеринарната едукација и наука во Македонија, која ќе заврши со доделување дипломи на студенти во учебната 2016/2017, додека вечер ќе се одржи свечена академија на која ќе присуствуваат истакнати дејци и основоположници на ветеринарната професија во Македонија, како и гости од други ветеринарни факултети и институции со кои ФВМС има повеќедецениска соработка.
На свечената академија најпрво ќе се обратат деканот на Факултетот Лазо Пендовски, ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, по што ќе има видео презентација за Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје, а ќе биде промовирана и монографијата „90 години Ветеринарна наука и едукација“ од продеканот на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, проф. д-р Тони Довенски.
Ново на Сител
-

Најмногу врнежи во Kрушево, на Попова Шапка 55 сантиметри снег
-

Македонските спортисти продефилираа на свеченото отворање на ЗОИ 2026
-

Македонските тенисери го стартуваат дуелот со Кипар
-

Ѓорѓиевски по изборот на новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Ова раководство ќе ја испише историјата, нè очекува многу работа
-

Поради магла, намалена видливост до 100 метри на Стража и Маврово и до 60 метри на патот Гевгелија – ГП „Богородица“
-

Трамп се заканува со царини за трговските партнери на Иран
-

Отворени 25. Зимски олимписки игри во Милано Кортина
-

Променливо облачно и релативно топло, со слаб локален дожд
