-->
-->
Отидов на слава и ја кажав оваа реченица и поради неа станав најомразениот гостин: А се кладам дека и вие би сакале да го кажете тоа
-->
Стигна зимата и сите планови за диета се фрлени во вода бидејќи доаѓа сезона на славите и сите некако сме помирени со тоа дека килограмите ќе ги накачуваме. Јас оваа година решив да го прекинам тој циркус на гоење и паника покрај летото и просто да го прескокнам зимското дебелеење. И знаев дека славите ќе бидат најголемото искушение, а еве како помијнав, решена да не потклекнам.
-Ја заобиколувам богатата трпеза на нашите кумови, а во чинијата ставам само салата и парче месо. Сите ме гледаат зачудено и почнуваат да ми гураат храна во чинијата на сила. Не пробав ни руска салата. Почнаа да ми викаат земи си леб, почнаа да ми гураат во чинијата, додека на крајот не признав дека сум на диета и дека би ги задржала само овие што ги одбрав самата. Знам дека е превкусно, ова го јадам секоја година , но оваа сакам да прескокнам.
- Ајде не изводи туку јади, на што личи тоа, си дошла на слава и на диета си? - се навредиа сите, и домашните и гостите. Не попуштив, ситуацијата беше повеќе од натегната бидејќи сите кон мене имаа гард, а јас наместо добро расположена да бидам си заминав напната, а славите тек ми започнуваат, што сега јас да правам?
Богатата славска трпеза е вистински тест за нашиот карактер. Сите занеме колку е тешко да им одолееме на слатките сармички, вкусните салати и ролати, крцкавото пелчење и ситните колачи кои се топат во устата, но што правиме кога ќе претераме, кога ќе ни скокне шеќерот и притисокот и кога после славата три дена нема да станеме од кревет?
Сезона на славата одамна започна, па со самото тоа и докторите предупредуваат внимателно да се јаде.
- Има лекари и кога ќе претерате со гозбата вашите најдобри солуции се течност, лесен оброк и свежо овошје и зеленчук. Првиот и најважен совет е да се хидратирате. Алкохолот, храната богата со шеќер и солена храна доведува до дехидрација на организмот и токму поради тоа треба да се внесува одредена количина на течност.
Најдобар пијалок е млака незасладена лимонада, но и сокови од свеж зеленчук и овошје. Одличен избор се и овошните чаеви кои не содржат кофеин, а ручекот или вечера обавезно започнете ја со бистра супа од зеленчук.
- Кога ќе се прејадете, веднаш ќе си речете „ Е утре не јадам“. Тоа не е добра идеја, па без оглед на тоа што претходниот ден сте внесле голема количина на храна, утредента не треба да гладувате. Планирајте три оброка, појадувајте веднаш кога ќе станете и вечерајте неколку часа пред да спиетее, ова го советува аноимната девојка.
Таа вели дека утредента по обилната гозба најдобар оброк е салатата која е богата со свеж зеленчук и со мала количина на протеин кој ќе го продолжи чуството на ситост.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се пренасочува сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце
-
Американците се обложиле во 100 милиони долари на Трамп против Харис
-
СДСМ со предлог за нула ДДВ за прехранбените производи, Владата најавува поригорозни казни ако се зголемат цените
-
Конференција 75 години НАТО
-
Опозицијата прифаќа да оди на предвремени избори, албанската коалиција на власт смета дека нема потреба од избори
-
Изборен ден во САД
-
Без струја дел од корисниците во општините Карпош, Сопиште, Кисела Вода и Ѓорче Петров
-
Состојба на патиштата