Градоначалникот на Кавадарци ги прими гимнастичарките кои освоија прво место на државниот натпревар

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев денеска во својот кабинет ги прими гимнастичарките постари пионерки кои екипно освоија прво место на државниот натпревар во А лигата. Тој информираше дека локалната самоуправа секогаш ќе ги поддржува успешните кавадарчани. Најави буџет и програма за сите спортски активности во општината.
Тренерот Јагода Нацева рече дека секој натпревар е тежок сам по себе. Во случајов се работело за конкуренција од над 120 натпреварувачи од цела Македонија. Учествувале осум градови со повеќе екипи.
- Децата покажаа знаење и успешност во вежбањето, напорните тренинзи вродија со плод. Станува збор за голема пожртвуваност и желба да се успее и покрај училишните обврски и други активности. Постигнавме огромен успех и покрај тоа што работиме во полоши услови споредено со поголеми градови.
Кавадарци како град веќе се издигнува и се носи со другите градови, нагласи Нацева, изразувајќи го задоволството од резултатите од напорната работа заедно со гимнастичарките и колешката Елена Каракулева, но рече дека им е потребна поддршка.
Клубот за гимнастички спортови Партизан-срни од Кавадарци брои околу 70 членови, од 4 до 17 години.
- Интересот е голем и зачудувачки, а младите родители свесни што значи гимнастиката како базичен спорт што овозможува психофизички правилен развој.
Во скандинавски земји тој е задолжителен до 12 години.
Со овој спорт и желба, љубов и упорност, се доаѓа до градење на самодоверба, самопочит и самоконтрола, како најголема придобивка за правилен развој, додаде Нацева.
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава
-

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
-

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран
-

Пуштање во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид, ќе присуствуваат премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски
-

Македонија одбележува 35 години независност
-

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
