Почнува модернизацијата на брзата пруга Белград-Будимпешта
Српската премиерка Ана Брнабиќ утре на железничката станица во Земун ќе го означи почетокот на работите на модернизација и реконструкција на пругата Белград-Будимпешта, соопштија денеска Владата на Србија.
Во рамките на проектот, првата делница на која утре започнуваат градежните работи е онаа од Белград Центар до Стара Пазова.
Како што соопшти Кабинетот на Брнабиќ, со проектот е предвидена комплетна реконструкција и модернизација на градежната и на електротехничкита инфраструктура, со цел зголемување на брзината на движење на возовите на делницата Белград-Батајница до 120 километри на час, а од Батајница до Стара Пазова до 200 километри на час.
Делницата од Белград до Стара Пазова е долга 34,5 километри. Работите на изградба на пругата ќе ги изведуваат две кинески компании, а вредноста на договорт изнесува 350,1 милиони долари.
Брнабиќ денеска на пленарната сесија на Самитот на Кина и земјите од Централна и Источна Европа во Будимпешта, изрази задоволство што Србија ќе преставува една од точките каде ќе се вкрстува новиот „Пат на свилата“, на делот од рутата на експресно поморско-копнената линија и што во Белград ќе се одбележи почнувањето на работите на проектот за модернизација на пругата Белград-Будимпешта.
Брнабиќ во обраќањето го истакна и Договорот за укинување на визите за обичните патни исправи за српските граѓани и граѓаните на Кина на период од 30 дена, потоа воспоставувањето на авиолинијата на релацијата Белград-Пекинг на „Хајнан Ерлајнз“ и почетокот на работата на „Банката на Кина“ во Белград, како централа за цела Југоистична Европа.
Како што соопшти од српскиот владин Кабинет, на свечена церемонија денеска во Будимпешта е потпишан договор за проектирање и изведба на работи на изградба на автопатот Е-763, на Коридорот 11 за делницата Прељина-Пожега долга 30,9 километри во вредност од 450 милиони евра, како и други деловни спогодби и протоколи.
Ново на Сител
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
-
Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене
-
Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот
-
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково