Дождовите предизвикаа зголемен водостој на реките и го отежнаа сообраќајот

Врнежите од дожд кои во изминатите денови ја зафатија Македонија предизвикаа зголемување на водостојот на реките и го отежнаа сообраќајот на неколку патни правци.
Од УХРМ соопштија дека исклучиво висок водостој утринава е измерен на реката Треска, односно на хидролошката станица во Македонски Брод каде нивото на реката е повисоко за 50 сантиметри во однос на вчерашниот ден. Зголемен водостој за 50 сантиметри има и кај реката Пчиња, како и кај реката Боротинска каде денеска нивото е зголемено за повеќе од 200 сантиметри. Исто така висок е водостојот и на реката Радика, Сатеска, Голема, Црна Река и Крива Река, како и на реката Вардар во горниот тек и во Скопје.
Во текот на денешниот ден повторно се очекуваат врнежи од дожд, така што, како што посочуваат од УХРМ, водостоите на реките и понатаму ќе останат високи.
Можни се локални излевања во горниот дел од сливот на Вардар, односно во Полошкиот регион, во сливот на Треска, околу месноста Пласница, како и на одделни места во сливот на реките Радика, Црн Дрим, Сатеска и Црна Река, кај Боротинско Поле.
Поради обилните врнежи од дожд и одрони на патот има прекини и отежнувања на сообраќајот на неколку патни правци низ државата.
Целосен прекин на сообраќајот од еден часот по полноќ има на регионалниот пат Валандово - село Удово кај месноста викана Калковска река поради надојдена вода, а непрооден е и локалниот пат село Железнец – село Мало Илино во Демир Хисар.
Отежнато се одвива сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица поради обилните врнежи од дожд и честите одрони на патот, а на патот Виница – Берово кај месноста викана Рибарник, поради одрон, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри.
Сообраќајот се одвива отежнато и на патот Маврово – Галичник, 100 метри пред Царева Чешма, поради излевање на вода на коловозот, а поплавување, според информација од РУЦК во општина Сарај, има и на подвозникот кај клучката Матка.
Ново на Сител
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
-

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово
-

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме
-

Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
