Балкан
5. December 2017 - 17:14

Судири меѓу демонстранти и полиција пред канцеларијата на грчкиот премиер во Атина

- Група демонстранти денеска се судрија со полицијата пред канцеларијата на грчкиот премиер во Атина.
 
Демонстрантите, блиски до Комунистичката партија, протестираа против новиот договор меѓу Грција и нејзините доверители.
 
Министрите за финансии од еврозоната вчера го поддржаа техничкиот договор меѓу Атина и доверителите, постигнат во саботата, што ќе овозможи дополнителна транша на кредити за Грција кон крајот на јануари.
 
Полицијата употреби солзавец против демонстрантите откако го пробија кордонот пред канцеларијата на премиерот и се судрија со полицијата.